Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 26.09.2014 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Единство АД Тетово, заради припојување кон друго друштво и бришење на Единство АД Тетово од трговскиот регистар.
Акциите издадени од Единство АД Тетово ќе бидат исклучени од котација на подсегментот Задолжителна котација почнувајќи од 30.09.2014 година (Вторник).
Исклучување од котација на акциите издадени од Единство АД Тетово
понеделник, 29 септември 2014