Котација на државни обврзници
понеделник, 29 август 2022

Ве известуваме дека согласно Барањето бр. 15-7307/1 од 18.08.2022 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 30.08.2022 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:

Вид на хв: државни обврзници со девизна клаузула
Вредност на емисијата: 1.566.990.000,00 МКД
Број на издадени хв: 156.699
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 18.08.2022
Датум на достасување: 18.08.2037
Каматна стапка: 4,00%
Шифра на тргување: M180837D
ИСИН: MKMINF20GY24