Откуп на соствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 28.06.2006
четврток, 29 јуни 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 28.06.2006 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 50 сопствени обични акции по цена од 2.410 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 28.06.2006 година Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 20 сопствени обични акции по цена од 28.103 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 28.06.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-РЖ Економика АД Скопје – 27 обични акции,
-РЖ Институт АД Скопје – 7 обични акции,
-Макстил АД Скопје – 634 обични акции,
-РЖ Услуги АД Скопје – 233 обични акции,
-Македонијатурист АД Скопје – 144 обични акции.