Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 28.06.2005
среда, 29 јуни 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 28.06.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
-Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 58 сопствени обични акции, и тоа:
o30 акции по цена од 4.503 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o28 акции по цена од 4.600 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 28.06.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Инвестбанка АД Скопје – 47 обични акции;
-Инвестбанка АД Скопје – 21 приоритетни акции.