Согласно добиеното Решение од Комисија за хартии од вредност на ден 29.05.2012 година со кое се изрекува привремена забрана за вршењето на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Битола Брокер АД Битола, Ве известуваме за следното:
Членката Битола Брокер АД Битола е суспендирана од тргување со хартии од вредностна Македонска берза АД Скопје во времетраење од 30 дена, започнувајќи од 29.05.2012 година. Воедно, согласно Решението од Комисијата за хартии од вредност, брокерската куќа Битола Брокер АД Битола ќе биде привремено исклучена од членство во периодот на траење на забраната.