Исплата на дивиденда на Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје
четврток, 29 мај 2003
На одржаната седница на Собранието на акционери на Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје на 17.05.2003 година, беше усвоена Одлуката за употреба и распределба на добивката за 2002 година, според која износот на дивидендата за една обична акција ќе изнесува 20 денари, односно 1,306% од номиналната вредност.
Дивидендата ќе се исплаќа согласно предвидениот законски рок до 30.09.2003 година