Дивиденден календар на Макпетрол АД Скопје
четврток, 29 мај 2003
На одржаната седница на Собранието на акционери на Макпетрол АД Скопје на 24.05.2003 година, беше усвоена Годишната сметка за 2002 година.
Воедно, се усвои и Одлуката за употреба и распределба на добивката за 2002 година, според која износот на дивидендата за една акција ќе изнесува 2 % од номиналната вредност.
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2002 година е 14.08.2003 година и спроведената евиденција во акционерската книга за ова тргување ќе биде пресек на книгата на акции.
Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2002 година е 18.08.2003 година.
Дивидендата ќе се исплаќа согласно предвидениот законски рок до 30.09.2003 година