Ревидиран извештај за 2003 година на ЗК Пелагонија АД Битола
четврток, 29 април 2004
ЗК Пелагонија АД Битола до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило загуба во износ од 99.347.000 денари. Вкупната актива на ЗК Пелагонија АД Битола на 31.12.2003 година изнесува 1.888.272.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 236.395.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на ЗК Пелагонија АД Битола може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.