Известување од Алкалоид АД Скопје
четврток, 29 април 2004
Алкалоид АД Скопје известува дека Собранието на Друштвото, на седницата одржана на 19.04.2004 година донело одлука за купување на сопствени акции со следните елементи:
• Се одобрува купување на 130.000 сопствени акции на Алкалоид АД Скопје, по најниска цена од 15 ЕУР, односно највисока цена од 50 ЕУР за една акција;
• Откупот на акциите ќе започне на 01.05.2004 година и ќе се врши до 30.04.2005 година;
• Купувањето на акциите ќе се врши од посебните резерви за сопствени акции, според Билансот на состојба на Друштвото на 31.12.2003 година, вклучувајќи ги и посебните резерви согласно Одлуката на Собранието на Друштвото за употреба на добивката по годишната сметка за 2003 година;
• Сопствените акции Друштвото ќе ги продаде во рок од една година од денот на нивното стекнување, и истите ќе се продаваат по цена по која се купени;
• Ако акциите не бидат продадени во определениот рок, истите мораат да бидат поништени при што се спреоведува постапка за соодветно намалување на главнината на Друштвото;
• Членовите на Управниот одбор и законските застапници на Друштвото не смеат да располагаат со сопствените акции на Друштвото без претходно овластување и условите утврдени со Законот и Одлуката за купување на сопствени акции. Располагањето со сопствените акции може да се врши според Законот и Правилата на Берзата;
• Сопствените акции на Друштвото не даваат право на глас, но се земаат предвид при утврдувањето на кворумот потребен за работа и одлучување на Собранието на Друштвото;
• Друштвото не може, преку посредник или корисник, да прифати сопствени акции како обезбедување.
• Друштвото не може да дава заеми, гаранции или друг вид обезбедување за запишување или стекнување на сопствените акции. Исклучок е стекнувањето на акциите од страна на вработените или од страна на зависни или владеачки друштва. Заемот, гаранцијата или другиот вид обезбедување за запишување или стекнување на сопствените акции не може да го надмине износот на добивката или износот на посебните резерви утврдени со последната годишна сметка;
• Одлуката за купување на сопствени акции на Алкалоид АД Скопје стапува во сила со денот на донесувањето. Купувањето на акции спротивно на Одлуката е ништовно.