Известување од Агроплод АД Ресен
четврток, 29 април 2004
Агроплод АД Ресен известува дека редовното годишно Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на 13.05.2004 година (четврток) со почеток во 10:00 часот, во просториите на Агроплод АД Ресен.
За седницата на Собранието е предложен следниот Дневен ред:
I Процедурален дел
1. Отворање на Собранието
2. Избор на работни тела
- Верификациона комисија
- Записничар, двајца заверувачи на записникот
3. Извештај на Верификационата комисија
II Работен дел
1. Избор на претседател и заменик претседател на Собранието
2. Усвојување на записникот од седницата на Собранието на акционери на Агроплод АД Ресен одржана на 25.04.2003 година
3. Разгледување и усвојување на извештајот за работењето на Агроплод АД Ресен и Одобрување на работата на Одборот на директори на Агроплод АД Ресен за 2003 година
- Предлог Одлуки за усвојување на Извештаите за работењето на Друштвото и Одборот на директори на Агроплод АД
4. Извештај на Ревизорската куќа за извршената ревизија за 2003 година
5. Усвојување на годишната сметка за 2003 година
- Предлог Одлука за усвојување на годишната сметка за 2003 година
6. Предлог Одлука за распределба на добивката на Друштвото за 2003 година
7. Именување на Ревизорска куќа за ревизија на завршната сметка за 2004 година.
Воедно, Агроплод АД Ресен известува дека нема да дели дивиденда за 2003 година.