Бришење на издавачот Жито Полог АД Тетово од „Листата за набљудување“
петок, 29 март 2024

Ве известуваме дека на 29.03.2024 година Берзата изврши бришење на издавачот Жито Полог АД Тетово од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена понудата за преземање на друштвото од страна на преземачот Орка Холдинг АД Скопје. 

Жито Полог АД Тетово беше внесен на 24.11.2023 година на „Листата на набљудување“ согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена намера за објавување понуда за преземање на друштвото од страна на Орка Холдинг АД Скопје.