Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 28.03.2022 година Витаминка АД Прилеп изврши откуп на 65 сопствени обични акции по цена од 12.150,00 денари за една акција, преку една трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 28.03.2022 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
- Комерцијална Банка АД Скопје – 45 обични акции
- Алкалоид АД Скопје – 153 обични акции