Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 28.03.2006
среда, 29 март 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното: На 28.03.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 246 сопствени обични акции по цена од 39 денари за една акција, преку 2 трансакции; Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 28.03.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство): -Топлификација АД Скопје – 659 обични акции, -Тутунски комбинат АД Прилеп – 180 обични акции.