Ревидиран извештај за 2003 година на Македонијатурист АД Скопје
понеделник, 29 март 2004
Македонијатурист АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Од него се гледа дека друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 96.597.000 денари. Вкупната актива на Македонијатурист АД Скопје на 31.12.2003 година изнсува 1.656.354.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 135.610.000 денари.
Целосниот ревидиран финансиски извештај на Македонијатурист АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.
Македонијатурист АД Скопје известува дека согласно одлука на Собранието на акционери има издвоено средства за купување на сопствени акции за 2004 година, во износ од 12.000.000 денари.