Одржана седница на Собрание на Тетовска банка АД Тетово
понеделник, 29 март 2004
Тетовска банка АД Тетово известува дека на 26.03.2004 година ја одржа единаесеттата седница на Собранието на акционери на Банката, на кое, меѓу другото, донесе Одлука за распоредување на остварената добивка по Годишната сметка за 2003 година.
Според оваа Одлука износот на дивиденда за една обична акција изнесува 406,59 денари, односно 13,55% во однос на нивната номинална вредност, а износот на дивиденда за една приоритетна акција изнесува 406,75 денари, односно 13,56% во однос на номиналната вредност.
Датумот за стекнување со право на дивиденда е 24.03.2004 година, а исплата на дивиденда за 2003 година ќе започне од 05.04.2004 година.