Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 28.12.2004 година
среда, 29 декември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 28.12.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 3.043 сопствени обични акции, и тоа:
o 39 акции по цена од 1.990 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 146 акции по цена од 1.996 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 471 акции по цена од 1.997 денари за една акција, преку 6 трансакции;
o 671 акции по цена од 1.998 денари за една акција, преку 2 трансакции;
o 1.716 акции по цена од 1.999 денари за една акција, преку 6 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 28.12.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Гранит АД Скопје – 532 обични акции;
- КИБ АД Куманово – 113 обични акции;
- Охридска банка АД Охрид – 130 обични акции.