ОТКУП НА СОПСТВЕНИ АКЦИИ И НЕТРГОВСКИ ТРАНСФЕР НА АКЦИИ НА КОТИРАНИ ДРУШТВА
вторник, 29 ноември 2016
Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 28.11.2016 година Витаминка АД Прилеп изврши откуп на:
-10 сопствени обични акции по цена од 8.500,00 денари за една акција, преку една трансакција.
На 28.11.2016 година Хотели Метропол АД Охрид изврши откуп на:
-65 сопствени обични акции по цена од 231,00 денари за една акција, преку една трансакција на одржаната јавна берзанска аукција од страна на Агенцијата за управување со одземен имот.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 28.11.2016 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
- Комерцијална Банка АД Скопје –16 обични акции;