МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА со презентации на ФИНЕКСПО
вторник, 29 ноември 2005
Во рамките на ФИНЕКСПО 2005 (Меѓународен саем на финансии, деловни можности и економски развој), Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје ќе се претстави со свои презентации на тема “Македонскиот пазар на хартии од вредност (актуелни случувања и перспективи)“ во просториите на Скопски саем АД Скопје, Панел В. Првата презентација ќе се одржи во четврток, 01.12.2005 година, во временски интервал од 12:00 часот до 12:45 часот, а ќе биде извршена од страна на Главниот Извршен директор на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје, г-дин Иван Штериев. Втората презентација ќе се одржи во петок, 02.12.2005 година, во временски интервал од 12:00 часот до 12:45 часот, а ќе биде извршена од страна на Извршниот директор на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје, г-ѓа Елена Јакимовска Петровска.