Известување од Реплек АД Скопје
вторник, 29 ноември 2005
Реплек АД Скопје известува дека на седницата одржана на 25.11.2005 година Управниот одбор на друштвото врз основа на претходно добиена согласност од Надзорниот одбор донел одлука за откуп на сопствени акции, со која се одобрува откуп на сопствени акции преку Македонската берза АД Скопје по цена која ќе се постигне на берзата, при тоа откупот на сопствените акции не смее да надмине 10% од основната главнина на Друштвото и со стекнувањето на сопствени акции да не се намали имотот на Друштвото под износот на основната главнина и резервниот фонд на Друштвото. Рокот на откуп на акции не може да биде подолг од 12 месеци од денот на донесување на оваа одлука. Откупот на сопствените акции ќе се врши на Македонската берза АД Скопје преку овластена брокерска куќа.