Бришење на издавачот ЗК Пелагонија АД Битола од Листата за набљудување
четврток, 29 октомври 2026

Ве известуваме дека на ден 29.10.2026 година, Берзата изврши бришење на издавачот ЗК Пелагонија АД Битола од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е запрена поведената претходна постапка за испитување на условите за отворање стечајна постапка над друштвото. 

Издавачот ЗК Пелагонија АД Битола беше внесен на Листата на набљудување на 19.10.2026 година, согласно 61-а од Правилата за котација, поради поведена претходна постапка за испитување на условите за отворање стечајна постапка над друштвото, а до завршување на постапката.