На 29.10.2015 година (четврток) во организација на Македонска берза АД Скопје и бизнис магазинот „Економија и бизнис“ се одржа дебата на тема „Време на ниски каматни стапки“.
Учесниците во дебатата Анита Ангеловска – Бежоска, Вицегувернер на Народна банка на Република Македонија, Патрик Житон, постојан претставник на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија, Александар Стојков, Професор на Правен факултет Јустинијан Први од Скопје, Зоран Јовановски, сопственик на магазинот Економија и бизнис и Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје дадоа оценка на состојбите во финансискиот сектор и нивото на каматните стапки како на глобално, така и на локално ниво, и на импликациите што ги имаат каматните стапки врз останатите сектори во економијата, вклучително и населението.
Видео снимката од дебатата може да ја погледнете на следниов линк: https://youtu.be/Ti4ypWZx2_s
Одржана дебатата “Време на ниски каматни стапки“
четврток, 29 октомври 2015