Согласно планот за обуки во 2018 година на 26 и 27.09.2018 година во рамките на тренинг центарот на Македонска берза се одржа обука на тема “Основи на анализа на финансиски извештаи”.
Посетителите (студенти, индивидуални инвеститори, претставници на трговски друштва) имаа можност да го проследат предавањето на г-дин Александар Ајевски, Стручен соработник за котација на Македонска берза. Во текот на првиот ден од обуката г-динот Александар Ајевски се осврна на карактеристиките, коефициентите и анализата по ставки на Билансот на состојба, Билансот на успех и Извештајот за парични текови. Вториот ден од обуката беше посветен на алатките и техниките за анализа, проценка на финансиската успешност на компанијата, практични примери за проценка и примена на анализата на финансиски извештаи при скенирање на потенцијална инвестиција. На вториот ден од обуката учесниците на обуката присуствуваа и на презентацијата на продуктот на берзата – Апликацијата БЕСТ-Нет Аналитика каде детално беа образложени 3-те модули содржани во апликацијата (техничка анализа на акции,фундаментална анализа на компании и алатка за пресметка на вредноста на портфолиото).
Одржана обука Основи на анализа на финансиски извештаи
петок, 28 септември 2018