Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 27.09.2005
среда, 28 септември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 27.09.2005 година следниве котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на сопствени обични акции и тоа:
-590 акции по цена од 32 денари, преку 3 трансакции,
-513 акции по цена од 35 денари, преку 3 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 27.09.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Тутунски Комбинат АД Прилеп - 139 обични акции,
-Комерцијална банка АД Скопје – 21 приоритетни акции.