Откуп на сопствени акции на Макпетрол АД Скопје
вторник, 28 септември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 28.09.2004 година, Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 2.500 сопствени акции, што претставува 2,22% од основната главнина на друштвото.
Откупот на сопствените акции е извршен преку 1 блок трансакција пријавена по цена од 12.400,00 денари за една акција, при што вкупната вредност на трансакцијата изнесува 31.000.000,00 денари.