Ве известуваме дека согласно Одлука на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје, на друштвото Тајмиште АД Кичево, котирано на Официјалниот пазар на Берзата, на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерка долгорочната суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно Правилата за котација. Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена од денот на суспендирање (28.07.2023 година), и трае до отстранување на причините поради кои е изречена оваа мерка.
За времетраењето на долгорочната суспензија од котација издавачот Тајмиште АД Кичево не го губи статусот на котирано друштво, но е должен во односите со трети лица и во јавноста да истакнува дека е долгорочно суспендиран од котација на Берзата. Воедно, за времетраење на мерката долгорочна суспензија, Тајмиште АД Кичево нема постојани обврски за известување согласно Глава VI од Правилата за котација.
За времетраење на мерката долгорочна суспензија, хартиите од вредност издадени од Тајмиште АД Кичево се тргуваат на Редовниот пазар на Берзата, на подсегментот Слободен пазар, при што за издавачот важат законските обврски за известување за тој подсегмент.
Со донесената Одлука за долгорочно суспендирање од котација се укинува Одлуката од 30.06.2022 година за внесување на Тајмиште АД Кичево на Листата за набљудување и врз основа на тоа издавачот се брише од Листата за набљудување.