Известување на Охридска банка АД Охрид
четврток, 28 јули 2005
Охридска банка АД Охрид известува дека заклучно со 12.07.2005 година ја заврши осмата емисија на обични акции, при што во предвидениот рок од шест месеци беа запишани и уплатени 15.000 обични акции, со што емисијата се реализира во целост.
Вкупниот број на акции на Банката по реализација на емисијата изнесува 269.549 акции, од кои 244.976 обични акции и 24.573 приоритетни акции.