Комуна АД Скопје
среда, 28 јули 2004
Комуна АД Скопје до Македонската Берза ја достави Одлуката со која се врши распределба на остварената добивка за 2003 година во износ од 23.617.039 денари на следниот начин:
На Фондот за пензиско и инвалидско осигурување по основ на приоритетни акции да се исплати дивиденда во висина од 2%, односно износ од 574.988 денари.
Да се изврши покривање на загубите остварени во Друштвото во минатите години и тоа 23.042.051 денари од добивката остварена во текот на 2003 година.