Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 27.06.2006
среда, 28 јуни 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 27.06.2006 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 80 сопствени обични акции по цена од 2.410 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 27.06.2006 година Макпетрол АД Скопје изврши откуп на:
- 2 сопствени обични акции по цена од 28.000 денари за една акција, преку 1 трансакции;
- 20 сопствени обични акции по цена од 28.300 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- 14 сопствени обични акции по цена од 28.400 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- 1 сопственa обичнa акциja по цена од 28.499 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- 30 сопствени обични акции по цена од 28.500 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- 6 сопствени обични акции по цена од 28.470 денари за една акција, преку 2 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 27.06.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Комерцијална банка АД Скопје –70 обични акции,
-Макпетрол АД Скопје – 62 обични акции,
-Европа АД Скопје – 300 обични акции.