Ревидиран извештај за 2003 година на Бетон АД Скопје
петок, 28 мај 2004
Бетон АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 24.907.000 денари. Вкупната актива на Бетон АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 2.877.671.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 1.063.715.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Бетон АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.