Ве известуваме дека согласно барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за проширување на котација на државни обврзници, почнувајќи од 02.05.2023 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација се проширува котацијата на емисијата на државните обврзници со ИСИН број MKMINF20GZ49 која првично беше котирана на 04.04.2023 година со издадени 68.880 обврзници во вредност од 688.800.000,00 МКД и за која беше извршено проширување на котација на 25.04.2023 година со издадени 33.517 обврзници, после што емисијата на овие државни обврзници ги има следниве карактеристики:
Шифра на тргување: M300338
ИСИН: MKMINF20GZ49
Број на новоиздадени хв: 16.700
Вкупен број на издадени хв: 119.097