Ве известуваме дека од 29.04.2015 година почнуваат со примена измените и дополнувањата на Правилата за тргување на Берзата за кои е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност со Делумното решение број УП1 08-1 од 30.01.2015 година и Дополнителното решение број УП1 08-1 од 15.04.2015 година.
Со овие измени и дополнувања, меѓу другото, се воведува нов вид на налог, „налог по најповолна цена“, а се воведува и можноста за давање на специфични инструкции од клиентите кај лимитираните налози. Измените се направени со цел да се обезбедат пошироки можности за остварувањето на потребите на инвеститорите на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Пречистениот текст на Правилата за тргување може да се најде на интернет страницата на Берзата, на следната адреса: http://www.mse.mk/mk/content/21/1/2008/trading-rules