Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 27.04.2006
петок, 28 април 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 27.04.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 205 сопствени обични акции по цена од 40 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 27.04.2006 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 10 сопствени обични акции по цена од 2.550 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 27.04.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Алкалоид АД Скопје – 4.500 обични акции,
-ЗК Пелагонија АД Битола – 38 обични акции,
-Жито Лукс АД Скопје – 319 обични акции.