Во рамките на одбележувањето на почетокот на Глобалната недела на парите (27 март ‒ 2 април), за учениците од средното економско училиште Васил Антевски Дрен од Скопје на 27 март 2017 година беше организирана посета на Македонската берза АД Скопје. За време на посетата учениците се запознаа со улогата и функциите на Берзата на македонскиот пазар на хартии од вредност, а имаа можност преку берзанскиот електронски систем за тргување да го проследат тргувањето во живо и да се запознаат со начинот на склучување на трансакции со хартии од вредност.
Глобалната недела на парите, во организација на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади (Child and Youth Finance International), се одржува на светско ниво уште од 2012 година, и во неа се вклучени над 6 милиони деца и млади во повеќе од 130 земји и повеќе од 1000 организации и институции. Целта на активностите на Глобалната недела на парите во Македонија е да се подигне нивото на финансиска писменост кај младото население на државата.