Една од главните заложби на Македонската берза е да го доближи берзанското работење и воопшто начинот на функционирање на пазарите на хартии од вредност до што поширок круг на заинтересирани учесници. Во таа насока е и соработката што Македонската берза ја остварува со образовните институции во Република Македонија.
Со цел запознавање на младата популација со улогата и начинот на функционирање на Берзата, како и со улогата и значењето на останатите институции на пазарот на хартии од вредност, се организираат посети на ученици и студенти на Македонската берза.
Од почетокот на годината Берзата ја посетија околу 270 ученици од средните училишта „Раде Јовчевски Корчагин“ Скопје, „Јосип Броз Тито„ Битола и „Арсени Јовков„ Скопје. Покрај теоретскиот дел тие имаа прилика и практично да се запознаат со начинот на функционирање на Берзата, односно со начинот на реализација на налозите за тргување, преку следење на тргувањето преку електронскиот систем за тргување БЕСТ во реално време.
Последната посета реализирана на 26.03.2014 година на учениците од СЕУ Арсени Јовков Скопје
Последната посета реализирана на 26.03.2014 година на учениците од СЕУ Арсени Јовков Скопје