Известување од Охридска банка АД Охрид
понеделник, 28 март 2005
Охридска банка АД Охрид известува дека Собранието на акционерите на Банката на XIII-та седница одржана на 25.03.2005 година ја потврди Одлука на Управниот одбор за употреба и распоредување на остварената добивка на Охридска банка АД Охрид. Дивидендата за 2004 година на една приритетна акција изнесува 225 денари односно 8,5% од номиналната вредност, а износот на дивиденда на една обична акција изнесува 326 денари односно 12,3% од номиналната вредност. Исплатата на дивидендите ќе се врши согласно објавениот дивиденден календар.
На одржаната седница избрани се нови органи на управување на Банката и тоа:
- Собрание
1. Претседател на Собранието - Иван Голабоски, претставник на ,,Лихнида,, АД Охрид;
2. Заменик претседател - Трајан Ангелов претставник на ,,Змај промет,, ДОО Штип.
- Членови на Управен одбор:
1. Ратко Чадикоски - дипломиран економист, член на Одборот на директори на "Пивара" АД Скопје.
2. Ристо Биткоски - дипломиран економист, Генерален директор и Претседател на Управен одбор на "Отекс" АД Охрид.
3. Љубен Василески - дипломиран машински инжинер, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на "Галеб" АД Охрид.
4. Наум Хаџи Лега - дипломиран економист, Извршен директор на Повардарие Неготино.
5. Д-р Синиша Спасов - професор на Економски факултет во пензија.
6. Кочо Моцан - дипломиран еконимист, Генерален директор на ,,Технометал Вардар,, - увоз извоз Скопје;
7. Петар Теговски - дипломиран правник, Секретар на Охридска банка АД Охрид.
- Членови на Одборот за ревизија:
1. Борче Мартиноски - овластен ревизор.
2. Таше Минчески, дипломиран еконимист- Помошник регионален раководител на Царинскиот сектор на ,,Фершпед,, АД Скопје;
3. Љупка Серафимоска, дипломиран економист, Раководител на службата за план и анализа во Охридска банка А.Д. Охрид.
- Собранието на Банката донесе Одлука за откуп на сопствени акции во текот на 2005 година во износ од 31.000.000,00 денари, односсно 11.698 акции што преставува 4.6% од вкупните акции на Банката. Сопствените акции Банката ќе ги откупува на начин и постапка предвидени со позитивните законски прописи на товар на средствата од добивката или од посебните резерви утврдени со последната Годишна сметка.