Согласно планот за обуки во 2013 година на 20 и 21.02.2013 година во рамките на тренинг центарот на Македонска берза се одржа обука на тема “Анализа на финансиски извештаи”.
Посетителите(студенти, индивидуални инвеститори, претставници на трговски друштва) имаа можност да го проследат предавањето на г-дин Павле Гацов, Агенција за економско-правна поддршка „Про-Агенс“ – Скопје. Во текот на првиот ден од обуката г-динот Павле Гацов се осврна на карактеристиките, коефициентите и анализата по ставки на Билансот на состојба, Билансот на успех и Извештајот за парични текови. Вториот ден од обуката беше посветен на алатките и техниките за анализа, проценка на финансиската успешност на компанијата, практични примери за проценка и перимена на анализата на финансиски извештаи при скенирање на потенцијална инвестиција. На вториот ден од обуката претставник од Македонска берза г-дин Александар Ајевски на учесниците на обуката им одржа презентација за продуктот на берзата – Апликацијата БЕСТ-Нет Аналитика и детално ги образложи 3-те модули содржани во апликацијата (техничка анализа на акции,фундаментална анализа на компании и алатка за пресметка на вредноста на портфолиото).
Заклучно со месец Јуни 2013 година ќе се одржат уште шест обуки:
1. Принципи на пазарите на капитал 27 и 28.03.2013
2.Фјучерси и опции 12 и 13.04.2013
3. Планирање на лични финансии 15 и 16.04.2013
4. Корпоративно финансирање 24 и 25.04.2013
5. Инвестициско банкарство 22.05.2013
6. Објавување на информации и односи со инвеститори 05.06.2013