Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 27.02.2008
среда, 28 февруари 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 27.02.2007 година Гранит АД Скопје изврши откуп на 1.173 сопствени обични акции по цена од 950 денари за една акција, преку 8 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 27.02.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Тетекс АД Тетово – 82 обични акции,
- ОХИС АД Скопје – 177 обични акции,
- Макпетрол АД Скопје – 200 обични акции.