НОВИ КОТИРАНИ ДРУШТВА ЗА ЧИИ ХВ ДЕНЕС НЕ ВАЖАТ ЦЕНОВНИТЕ ОГРАНИЧУВАЊА
среда, 28 февруари 2007
Согласно Одлуката за измените и дополнувањата на Процедурите за тргување на Македонската берза доколку со одредена хартија од вредност која е котирана на Официјалниот пазар на Берзата не е склучена ниту една трансакција во период од 10 денови на тргување во вредност поголема од 100.000 денари (не земајќи ги предвид блок трансакциите), тргувањето со таа хартија од вредност од првиот нареден ден на тргување се префрлува од „континуиран“ начин на тргување во „фиксинг“ и за неа се отстрануваат ценовните ограничувања, се додека со неа не биде склучена трансакција/трансакции во вредност поголема од 100.000 денари (не земајќи ги предвид блок трансакциите). Котирани акционерски друштва за чии хартии од вредност денес не важат ценовните ограничувања, согласно горенаведеното се: ОФИЦИЈАЛЕН ПАЗАР- ОБИЧНИ АКЦИИ ЛОТО Лотарија на Македонија АД Скопје Фиксинг за неофицијален ОФИЦИЈАЛЕН ПАЗАР- ПРИОРИТЕТНИ АКЦИИ ИНБП Инвестбанка АД Скопје Фиксинг за неофицијален