Избран нов Одбор на директори на Македонската Берза АД Скопје
понеделник, 28 февруари 2005
Новиот одбор е составен од 13 (тринаесет) членови. Од нив, 8 (осум) се Неизвршни членови-претставници на правни лица, акционери и учесници во тргувањето на Берзата ( Комерцијална Банка АД Скопје, УНИ Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Скопје, Инвест Брокер АД Скопје, Фершпед Брокер АД Скопје, Мак Брокер АД Скопје, Поштел Брокер АД Скопје и Тутунска Брокер АД Скопје), 3 (три) независни членови ( проф. Д-р. Јане Миљовски, Љупчо Пецев и Кристијан Поленак) и 2 (два) Извршни членови.
Од редот на извршните членови, за Главен извршен директор, Одборот го именуваше Иван Штериев,досегашен директор на секторот за тргување на Македонската Берза АД Скопје, а за Извршен директор беше именуван Д-р Евгени Зографски, досегашен Извршен директор на Македонската Берза АД Скопје.
За Претседател на Одборот на директори на Македонската Берза АД Скопје е избран Ѕвонко Станковски, Директор на дирекцијата на Трежери, дилинг и хартии од вредност во УНИ Банка АД Скопје.