Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
петок, 28 декември 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 27.12.2007 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 12 сопствени обични акции по цена од 48.500 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 27.12.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Макстил АД Скопје – 126 oбични акции;
-РЖ Економика АД Скопје – 220 обични акции;
-ОХИС АД Скопје – 50 обични акции;
-Хотели Метропол АД Охрид – 486 обични акции;
-РЖ Услуги АД Скопје – 46 обични акции;
-РЖ Институт АД Скопје – 1 обични акции;
-КИБ АД Куманово – 134 приоритетни акции,
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 6 обични акции.