Aкциите на седум друштва исклучени од котација
среда, 28 декември 2005
Одборот на директори на Македонската Берза на седницата одржана на 26.12.2005 година донесе одлуки за исклучување од котација на акциите издадени од Адинг АД Скопје, Градежен институт Македонија АД Скопје, Фабрика за квасец и алкохол АД Битола, Бетон АД Штип, Печатница 11 Октомври АД Прилеп, РЖ Техничка контрола АД Скопје и Винка АД Виница.
Акциите на овие друштва се исклучуваат од котација на Официјалниот пазар на Македонската берза на 01.01.2006 година. Од истиот датум со акциите на Адинг АД Скопје, Градежен институт Македонија АД Скопје, Фабрика за квасец и алкохол АД Битола, Бетон АД Штип, Печатница 11 Октомври АД Прилеп, РЖ Техничка контрола АД Скопје и Винка АД Виница ќе може да се тргува на Неофицијалниот пазар на Македонската берза.