Откуп и продажба на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 27.12.2004 година
вторник, 28 декември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 27.12.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 4.432 сопствени обични акции, и тоа:
o 32 акции по цена од 1.950 денари за една акција, преку 2 трансакции;
o 39 акции по цена од 1.980 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 14 акции по цена од 1.989 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 38 акции по цена од 1.990 денари за една акција, преку 2 трансакции;
o 433 акции по цена од 1.997 денари за една акција, преку 2 трансакции;
o 3.513 акции по цена од 1.998 денари за една акција, преку 8 трансакции;
o 363 акции по цена од 1.999 денари за една акција, преку 3 трансакции.
На 27.12.2004 година следните котирани друштва извршија продажба на сопствени акции:
- Тетекс АД Тетово изврши продажба на 3.887 сопствени обични акции, по цена од 310 денари за една акција, преку 22 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 27.12.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- ВВ Тиквеш АД Кавадарци – 113 обични акции.