Котација на три нови континуирани државни обврзници
среда, 28 ноември 2007
На седницата одржана на 27.11.2007 година Одборот на директори на Македонската Берза донесе одлука за котација на Континуираната државна обврзница бр.1 во 2007, Континуираната државна обврзница бр.2 во 2007 и Континуираната државна обврзница бр.3 во 2007 .
Континуираната државна обврзница бр.1 во 2007 е со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Континуирана државна обврзница бр.1 во 2007 година, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
- Издавач: Република Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 250.000.000 МКД;
- Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД;
- Број на издадени обврзници во емисијата: 25.000;
- Датум на издавање: 26.02.2007 година;
- Каматна стапка: 8,50% годишно. Каматата се пресметува од 26.02.2007 година;
- Рок на достасување на обврзниците: 26.02.2009 година;
- Начин на отплата: Каматата се исплатува еднаш годишно, на 26.02., во период од две години. Главнината пристигнува за исплата по истекот на две години од издавањето, односно на 26.02.2009 година;
- Почеток на тргување со обврзниците: 29.11.2007 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
- ИСИН: MKMINF20G051;
- Шифра за тргување на Берзата: ДО180209.
Континуираната државна обврзница бр.2 во 2007 е со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Континуирана државна обврзница бр.2 во 2007 година, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
- Издавач: Република Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 216.000.000 МКД;
- Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД;
- Број на издадени обврзници во емисијата: 21.600;
- Датум на издавање: 02.04.2007 година;
- Каматна стапка: 7,50% годишно. Каматата се пресметува од 02.04.2007 година;
- Рок на достасување на обврзниците: 02.04.2010 година;
- Начин на отплата: Каматата се исплатува еднаш годишно, на 02.04., во период од три години. Главнината пристигнува за исплата по истекот на три години од издавањето, односно на 02.04.2010 година;
- Почеток на тргување со обврзниците: 29.11.2007 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
- ИСИН: MKMINF20G069;
- Шифра за тргување на Берзата: ДО170410.
Континуираната државна обврзница бр.3 во 2007 е со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Континуирана државна обврзница бр.3 во 2007 година, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
- Издавач: Република Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 15.000.000 МКД;
- Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД;
- Број на издадени обврзници во емисијата: 1.500;
- Датум на издавање: 04.06.2007 година;
- Каматна стапка: 5,25% годишно. Каматата се пресметува од 04.06.2007 година;
- Рок на достасување на обврзниците: 04.06.2009 година;
- Начин на отплата: Каматата се исплатува еднаш годишно, на 04.06., во период од две години. Главнината пристигнува за исплата по истекот на две години од издавањето, односно на 04.06.2009 година;
- Почеток на тргување со обврзниците: 29.11.2007 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
- ИСИН: MKMINF20G077;
- Шифра за тргување на Берзата: ДО150609.