Ве известуваме дека на 02.11.2022 година (Среда), на барање на членката Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје) од страна на продавачот Топлификација АД Скопје-во стечај ќе се понуди за продажба пакет од 77.414 обични акции издадени од Скопје Север АД Скопје што претставува 99,98% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 780,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“.
Организирање јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции
петок, 28 октомври 2022