Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 27.10.2004 година
четврток, 28 октомври 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 27.10.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Гранит АД Скопје изврши откуп на 1.420 сопствени обични акции, по цена од 90 денари за една акција, преку 2 трансакции;
- Скопски пазар АД Скопје изврши откуп на 100 сопствени обични акции, по цена од 2.700 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 27.10.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Економика АД Скопје – 22 обични акции;
- Фустеларко Борец АД Битола – 41 обични акции;
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 23 обични акции;
- Макстил АД Скопје – 513 обични акции.
- РЖ Институт АД Скопје – 6 обични акции;
- Макпетрол АД Скопје – 56 обични акции;
- Македонијатурист АД Скопје – 348 обични акции;
- РЖ Техничка контрола АД Скопје – 9 обични акции.