Котација на државни обврзници
петок, 28 јануари 2022

Ве известуваме дека согласно Барањето бр. 15-727/1 од 25.01.2022 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 31.01.2022 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:

Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 100.000.000,00 МКД
Број на издадени хв: 10.000 
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 27.01.2022
Датум на достасување: 27.01.2025
Каматна стапка: 0,90%
Шифра на тргување: M270125
ИСИН: MKMINF20GX233