Привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Илирика Инвестментс АД Скопје
вторник, 28 јануари 2014
На 27.01.2014 година до Берзата е доставено Решение од Комисија за хартии од вредност со кое се изрекува привремена забрана за вршењето на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Илирика Инвестментс АД Скопје.
Оттука, Ве известуваме дека членката Илирика Инвестментс АД Скопје е суспендирана од тргување со хартии од вредност на Македонска берза АД Скопје во времетраење од 15 работни дена, започнувајќи од ден 28.01.2014 година. Воедно, согласно Решението од КХВ, брокерската куќа Илирика Инвестментс АД Скопје ќе биде привремено исклучена од членство во периодот на траење на забраната.