Привремен прекин на тргувањето на ден 28.01.2011 година
петок, 28 јануари 2011
Македонската берза АД Скопје jа известува јавноста дека поради нефункционалност на телекомуникациските врски помеѓу Македонска берза АД Скопје и членките на Берзата на 28.01.2011 година во 11:33:37 часот дојде до запирање на тргувањето со хартии од вредност.

Настанатата нефункционалност согласно добиеното известување од Македонски Телеком АД Скопје е предизвикана од “виша сила (со последица прекин на преносна инфраструктура) заради што имаше застој во испорака на телекомуникациските услуги„.
 
По отстранувањето на нефункционалноста на телекомуникациските врски тргувањето на Берзата продолжи почнувајќи од 13:30 часот.