Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
понеделник, 28 јануари 2008

Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:

На 25.01.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:

- 50 сопствени обични акции по цена од 7.900 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- 105 сопствени обични акции по цена од 8.000 денари за една акција, преку 2 трансакции;

Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 25.01.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):

-АДГ Маврово Скопје – 38
o
бични акции;
-Гранит АД Скопје – 264
oбични акции.