Јавна опомена за котираното друштво РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје
понеделник, 28 јануари 2008

На седницата одржана на 25.01.2008 година Одборот на директори на Македонската берза донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена на котираното друштво РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје. Мерката се изрекува заради неисполнување на одредбите од точка 6.09. подточка 5 од Правилата за котација со која котираните друштва се обврзани да објават јавен повик за одржување на Собрание на акционери и преку интернет апликацијата за известување од страна на котираните друштва СЕИ-НЕТ.

Објавувањето на јавен повик за одржување на Собрание на акционери на друштвото претсатавува една од основните обврски кои произлегуваат од котацијата на друштвата на Официјалниот пазар на Берзата и истото влијае на донесувањето на инвеститорските одлуки и на цената на акциите на друштвото на Берзата.